Филипче: Вучиќ беше хоспитализиран пред осум дена, со многу тежок наод на белите дробови

ИЗВОРСкопје24
|

Министерот за здравство, Венко Филипче преку својот профил на Фејсбук упати сочуство на семејството на Драган Вучиќ кој денеска го загуби животот поради компликации од корона вирусот.

„Утрово на Инфективната клиника од коронавирусот почина нашиот познат музичар, композитор и тв водител Драган Вучиќ. Тој беше хоспитализиран пред осум дена откако состојбата му се влошила и од тогаш е лекуван на одделението за интензивна нега. И покрај сите напори на лекарите и целиот стручен тим, Вучиќ со многу тежок наод на белите дробови, за жал, му подлегнал на вирусот. Упатувам искрено сочуство до семејството и блиските“, напиша Филипче на својот профил.

И неговиот син, Мартин Вучиќ за еден медиум претходно потврди дека водителот ноќесна починал на инфективната клиника, додавајќи дека неговото семејство е во шок поради тоа што за време на вчерашниот ден им било соопштено дека е се во ред, додека утринава дека починал.

Мартин додаде дека жали што поради ова зло нема да може ниту да биде испратен како што треба… Искрено сочувство до фамилијата и пријателите!