Министерот за образование Арбер Адеми во вечерашното гостување на телевизија Телма ја образложува одлуката училишната година до крај да се спроведе онлајн, односно учениците да не се вратат во училишните клупи.
-Единствената опција која можевме да ја преземеме е организирање на наставата на ваков начин. Одлуката учениците да не се враќаат назад до крајот на учебната година е според препораките на Министерството за образование. Ги земавме предвид сите околности и ја донесовме таа одлука. Ризикот се намалува, но постои. Не сакаме да ги загрозуваме нашите деца. Пред се е здравјето на учениците. Како можеме да им наложиме на деца од прво одделение да држат социјална дистанца? Не се виделе неколку месеци и мислите нема да се гушнат кога ќе се видат?, вели Адеми.