И покрај тоа што бројот на заразени во Северна Македонија опаѓа од ден во ден, министерот за здравство, Венко Филипче порача дека некои работи ќе мора да се почитуваат за враќање на животот во нормала.
Како што истакна тој, маската, дистанцата и дезинфекцијата на рацете остануваат како најважни елементи за справување.
Министерот на вчерашаната прес конференцијата истакна и дека во делот на угостителството рестораните ќе работат само надвор, со одржување на потребната дистанца, но дозволете ова да го финализираме и официјално да го објавиме.
Рестораните и кафичите за почеток ќе работат само надвор, се разбира со одржување дистанца, во јавниот превоз ќе биде задолжително носењето заштитни маски, а ќе се спроведе и систем за контрола, рече Филипче и додаде:
„Но дозволете сето тоа до крајот на неделава да се финализира и да се објави од страна на комисијата, па некаде од почетокот на следната недела и да биде во функција.“