Усвоени здравствените препораки за влез во Србија!
Врз основа на здравствените препораки кои беа донесени, за влез во Србија неопходен ќе биде негативен тест, не постар од три дена.
Оние што го немаат, ќе бидат ставени во 14-дневна изолација, потврди д-р Бранимир Несторовиќ за српски Курир.
Според најавите, воздушниот сообраќај во србија ќе започне да функционира од 18 мај.
“Граѓаните кои ќе патуваат во странство во земји кои инсистираат на ваква потврда ќе можат да направат тест којшто ќе чини 6.000 динари односно 50 евра“, рече пулмологот и член на Кризниот штаб, Бранимир Несторовиќ, пренесува B92.
Тој рече дека во Србија поради патување, граѓаните ќе можат да направат тест на свое барање и дека тоа ќе се прави во лабораторија во Клиничкиот центар на Србија.
Исто така, за сите оние кои доаѓаат во Србија, ќе биде потребен негативен тест не постар од три дена. Оние кои немаат ќе мораат во изолација 14 дена.