По утринскиот состанок на комисијата за заразни болести беше најавено дека кризниот штаб треба да донесе одлука за можно олабавување на мерките, но засега ова останува неизвесно. Она што е потврдено досега е дека нема предлог за отворање на граничните премини и враќање во функција на меѓународните аеродроми во државата. Министерот за транспорт и врски вели дека од ТАВ добил информација дека ќе им бидат потребни од 7 до 10 дена да започнат со работа, по добиена дозвола за работа од надлежните.
-Јас и вчера на кризниот штаб го отворив прашањето бидејќи пред неколку денови разговарав со директорот на ТАВ и тој ми спомена дека главниот кризен штаб да го има во предвид тоа дека нив им се потребни 7 до 10 дена за тестирање на аеродромот. Комисијата за заразни болести се уште нема дадено предлог до главниот кризен штаб за отворање на ниту аеродромите ниту граничните прмемини.
Ние разговараме, за тоа на штабот, но се додека нема конкретен предлог од комисијата за заразни болести нема да се носи таква одлука.-изјави Сугарески.