Денеска може да се очекува Владата да ги олабави мерките за најмалку ризичните сектори, но за намалување на полицискиот час до вчера немаше препорака.
За можното олабавување вчера зборуваше вицепремиерот Бујар Османи за време на неговото гостување во „Отворени студио“ на ТВ 24.
Најдобро е дебатата прво да се заврши во Владата па после да се комуницира, но ете ќе кажам неколку примери од типот на автошколите или индивидуални спортови, кои имаат помал ризик, да се ослободат во втора транзициска фаза имајќи предвид дека предлогот на Комисијата за заразни болести е да има втора и трета транзициска фаза, комплетно ослободување на повеќето сектори, рече Османи.
Тој рече дека очекува тоа да се случи доколку нема драматично влошување на денешните бројки.
Доколку не дојде до драматичен пораст на бројот можно е Владата денеска на седница да донесе одлука за олеснување на мерките за заштита на одредени најмалку ризични сегменти, врз основа на мислење на Комисијата за заразни болести.