Во времето на кризата која моментално сите ги затвори дома, македонските дами се покажаа како вистински домаќинки.
Така ако пред два месеци на социјалните мрежи објавуваа фотографии од козметички салони, патувања, разни аутифити, во времето на кризата објавуваа подготвени јадења.
Изминатиот период ги засукаа ракавите и во право во кујна да се покажат и од другата страна односно како домаќинки.
Така многу од Македонките се пофалија како подготвиле разни специјалитети од кифли, крофни, салати, месо до палачинки и прво подготвена торта.
Македонската водителка на „Брза кујна“, Александра Илиевска немаме прилика да ја гледаме во кулинарското шоу да готви, таму ги има своите шефови Марк, Никола, Филип и Бобан.
слика
Но затоа, Александра е шеф во својата кујна. Додека се сите дома, таа се пофали каква е домаќинка и дека не е лоша во готвењето. Така, пред некој ден на социјалните мрежи се пофали дека подготвила торта.
По десертот, водителката повторно ги засука ракавите и овој пат подготви кифли.
„Кој ги подготви кифлите“ праша на „Инстаграм“ објавувајќи фотографија од крајниот резултат. Секако, точниот одговор е Александра.
Што е следно што ќе подготви водителката на „Брза кујна“ останува да видиме.