Адеми: Три типа на ваучери за финансиска помош на ученици, студенти и млади до 29 години

ИЗВОРНов лист
|

Министерот за образование Арбер Адеми, на денешната прес конференција најави три типа на ваучери за финансиска помош на ученици, студенти, како и за млади до 29 години.

-Првиот ваучер e со еднократен максимален износ до 6.000 денари. Ќе се доделува на студенти и средношколци од семејства со ниски примања, а средствата ќе се користат исклучиво за покривање на партиципација за студирање и за сместување во студентски и ученички домови.

Вториот тип на подршка е домашна платежна картичка со износ од 3.000 денари која ќе биде наменета за купување на домашни производи и услуги кои се најпогодени од кризата. И третиот тип на ваучер е до 30.000 денари и е наменет за млади до 29 години, за кофинансирање на обуки, тренинзи и курсеви, рече министерот Адеми.

Според проценките, како што рече министерот, помошта е во вредност од 12 милиони евра, а ќе ја добијат околу 100 илјади корисници и тоа јуни или најдоцна во јули.

Тој додаде дека во наредните денови јавноста ќе биде дополнително информирана за сите детали и за начинот на аплицирање.