Уште е рано да се отворат границите, истакна Филипче

|

Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција истакна дека се уште е рано да се отворат границите затоа што, според него, доколку се отворат огромен дел од мерките и бенефитите на националните стратегии можно е да паднат во вода.

Филипче смета дека отворање на границите треба да биде координирано со соседните земји. Појасни дека тоа беше и причината за посетата на Грција, каде се дискутирало за начинот на поминување на границите, сега се чека на нивниот одговор.

-Ние сметаме дека отворање на границите мора да биде координирано ако ништо друго помеѓу соседните земји и тоа беше причина за посетата на Грција и работите кои таму ги дискутиравме во однос на начинот на кој што ќе се поминува границата во однос на потребните тестови и во однос на евентуалниот начин на било кој заболен од земјите, кои ќе се сложат на тој договор да добијат бесплатна здравствена заштита доколку при престој во некои од овие земји заболат.

Испративме официјално писмо до грчкото Министерство за здравство со кое ги формализиравме сите овие поенти кои ги разговаравме за време на состанокот и го чекаме нивниот одговор, рече Филипче во одговор на прашање.