НАЈНОВА ВЕСТ: Реисот на ИВЗ, Реџепи денеска е разрешен

ИЗВОРНов лист
|

Со мнозинство гласови, 2/3 мнозинство, Ријасетот на ИВЗ донесе е одлука за разрешување на Реисот Сулејман Реџепи од функцијата.

„Едногласно донесовме одлука за разрешување на господин Сулејман Ефенди Реџепи од позицијата Рејс Ул Улема претседател на Исламска верска заедница“, изјави Ефенди Шаќир Фетаху.

До подготвување на нови избори, вршител на должноста ќе биде гостиварскиот муфтија.

Инаку, тој пред неколку дена, токму ден пред најголемиот муслимански празик Рамазан Бајрам, по вторпат се ожени и тоа со 50 години помлада девојка. Неговата избраничка, како што пишуваа албанските медиуми е Емина Јетиши (24), која е потпретседателка на огранокот на ДУИ во Студеничани и има ќерка од претходниот брак.

Реисот Сулејман Реџепи (74) пред четири години ја загубил сопругата. Албанските медиуми вчера побарале детали од веселбата, но тој ги замолил да ја испочитуваат неговата приватност.