Од утре вака ќе изгледа едно седнување на кафе

ИЗВОРНов лист
|

Од денеска целосно престанува да важи Одлуката за забрана и посебниот режим за движење на граѓаните на територијата на целата земја, а веќе од утре стартуваат со работа и угостителските објекти. Но, граѓаните, секако, и угостителите ќе мораат во целост да ги почитуваат мерките и препораките на Министерството за здравство за заштита од болеста и покрај олабавувањето на рестриктивните мерки. Значи, се дозволува отворање на угостителските објекти, но со ограничување во однос на начинот на работа со почитување на протоколите за преземање на превентивни мерки.

Работното време на угостителите ќе биде до 20 часот посочи денеска денеска министерот за економија Крешник Бектеши на одржаната пресконференција.

Според протооколите кои ги изготвила Комисијата за заразни болести на една маса најмногу ќе можат да седат 4 лица.

„Нема никакво ограничување дека лицата треба да се членови на исто семејство. Задолжително е да има растојание меѓу масите. Ќе ја следиме ситуацијата дали се почитуваат препораките и доколку угостителите се придржуваат ќе ги отвориме и затворените угостителски објекти“, рече Бектеши на прес-конференцијата за раскинување на договори за концесии за експлоатација на минерални суровини во Струга.

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска најави дека полицијата ќе ги контролира угостителите дали ќе ги почитуваат протоколите за работа.