Од денеска казни за угостителите кои не ги почитуваат протоколите за работа, а кои се однесуваат на заштита на здравјето на граѓаните, ова го најави Првиот човек на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски, кој рече дека она што било најавено, а тоа е дека првите денови ќе има опоменување, од денеска ќе мора да се смени со казнување.
Тој истакна дека најголем дел дел од угостителите се придржувале до препораките, но исто така затекнале и угостители кои се однесувале како потполно да сме се ослободиле од болеста, при што искажа огромно разочарување и од нив и од посетителите.
На терен видовме, а и вие медиумите имате докази, рече првиот инспектор, дека нашите инспектори наидуваа и на понижување. Тој кажа дека на инспекторите угостителите им велеле „едуцирајте не и напуштете го локалот“.
Во локалите, рече првиот пазарен инспектор, имало – од жива музика, играње на маса, па се до гушкање еден со друг.
„ДПИ ќе излезе, од денес, и секаде каде ќе има нарушување и непочитување на протоколите, ќе изрекуваме казни, според членовите 205 и 206 од Уредба на Владата. Ги замолувам сите угостители да пазат на почитување на протколите, тие се применливи, се работи за здравјето. Инспекторите се и ќе бидат на терен и сабота и недела и навчер, и за секое нарушување на протоколите, ќе постапуваат и со казнени мерки. Оние кои се сопственици на локалите треба да ги менаџираат и организираат сите овие протоколи, друг нема право да им се меша“, нагласи Стојко Пауновски.
А1он објави фотографија од вчерашната атмосфера – на првиот ден од отворањето на угостителите”
Целиот текст прочитајте го на Фактор со клик ТУКА.