КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ РЕВОЛТИРАНА: Денеска ќе носат нови ригорозни препораки

ИЗВОРСкопје24
|

Според неофицијалните информации денеска значително е зголемен бројот на нови случаеви на заболени во Македонија, а најмногу во скопски Чаир, Штип и Тетпво.

Во изјава за Фактор Комисијата за заразни болести информира дека денеска ќе заседава цел ден и не криејки го револтот информираат дека ќе носат нови препораки кои ќе бидат ригорозни.

-Граѓанската непослушност носи вакви загрижувачки резултати. Ние мора брзо да делуваме за да го спречиме сето ова. Препораките на епидемиолозите ќе одат во драстични насоки. Ќе предложиме карантински мерки повторно, како и затворање на конфекциските фабрики во Штип, вели изворот од Комисијата за заразни болести за Фактор.