Регулаторна одлучи: Од полноќ мало намалување на цените на горивата

ИЗВОРНов лист
|

Малопродажните цени за горивата поевтинуваат за половина денар.

Со најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика се врши мала корекција во цените на нафтените деривати во земјава. Регулаторите водејќи се од движењата на нафтата на светските берзи ја одредија новата цена на горивата која се намалува за половина денар, односно за 0,69 отсто во однос на одлуката од 26.05.2020 година.

Со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 57,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 – 59,00 ден/лит, додека малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 49,00 ден/литар.