Вака изгледаше првото патување од Србија до Грција: Ќе носиме ли маски во автобус цела ноќ?

|

Грчката граница за српските туристи се отвора на 15 јуни, но автобускиот превозник „Патрикалос“ ја превезе првата тура на патници кои се возеа до Грција. Меѓу нив претежно биле грчки државјани кои биле во Србија за време на карантинот, но и српски државјани кои ја поседувале потребната дозвола за влез во земјата. За пофалба се мерките за превенција што ги превзема автобускиот превозник. Имено, Патрикалос им обезбедува на сите патници опрема во форма на маски, капи и заштитни костуми.

Багажот мора да се дезинфицира, како и целата опрема, а за време на паузата автобусот повторно да се дезинфицира.

Ваквите мерки на почетокот биле необични за патниците, но на сите во автобусот им станало јасно дека станува збор за нивната безбедност. Споменатиот превозник ќе ги практикува сите тури кон Грција на истиот начин, со цел да ги заштити патниците и возачите.

Авионскиот сообраќај пак би изгледал вака: кабински пресонал во заштитни костуми, здравствени потврди за патниците, задолжителни маски за лице и долги чекања за пријавување на лет, ќе бидат новата реалност во патничкиот воздушен сообраќај.

Многу луѓе фантазираат за повторно патување со авион, но веројотно летовите ќе се соочат со промени што ќе бидат попроблематични од оние воведени по нападите на 11 септември 2001 година во САД. Покрај стандардните безбедносни проверки што беа тогаш воспоставени, патниците сега ќе се соочат и со серија на здравствени протоколи, како последица на кризата.

„Пред да настане ситуацијата моравме да пристигнеме два часа пред летот. Овој пат веројатно ќе биде четири часа порано”, вели Индонезиецот Сујанто по лет на домашна линија. Тој, исто така, се пожалил на големите редици и долгите проверки, дури и пред да дојде до шалтерот за чекирање.

Патниците таму мора да ја пријават причината за патувањето, да покажат документација дека се негативни а, да поминат неколку проверки и да соопштат детали за движењето по слетувањето.

„Скапо е и напорно. Со вакви строги правила, мислам дека луѓето ќе размислат двапати пред да решат да патуваат”, истакнал тој 40-годишник, кој платил двојно повеќе за билет од порано, бидејќи некои места во авионот морало да останат празни поради пропишаната мерка за физичко растојание.

Експертите велат дека последиците врз воздушниот сообраќај ќе бидат далекусежни. Агенцијата за цивилен транспорт на ОН состави серија упатства за безбедно летање во време на коронавирус, која предвидува од задолжително носење маски до дезинфекција на просторот низ кој поминуваат луѓето.

Покрај тоа, Сојузот за меѓународен за воздушен сообраќај (IATA) ги советува владите пред патувањето да соберат податоци за патниците, вклучително и медицински податоци и пристапот до аеродромите да го ограничат само за луѓе за кои патувањето е од итни и неодложни причини.

Другите мерки вклучуваат редизајнирање на преминот кон авионите за избегнување на турканици, побрзо качување и сместување на патниците во авионот, скратување на процесот на собирање на багажот, па дури и забрана за чекање во групи пред тоалетите за да се намали интеракцијата меѓу патниците.