Љубчо Георгиевски, претседателот на ВМРО-Народна партија, денеска преку социјалните мрежи го честиташе 30-тиот роденден на најголемата опозициска партија во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ.
Среќен роденден!
Пред 30 години на денешен ден заедно со Борис Змејковски и сите оние кои беа во салата ја формирав ВМРО-ДПМНЕ.
Беа веќе формирани 17 партии сите со концепт за спасување на Југославија. Во основачкиот говор прв пат од Македонија кажав дека Југославија треба да се распадне и треба да имаме своја војска, пари, пасоши, фудбалска репрезентација.
Концептот што го поставив тогаш беше радикално антијугословенски, борба за демократија и борба против фалсификатите на историјата.
За жал подоцна ВМРО-ДПМНЕ се претвори во нај југословенската, најнедемократската и најфалсификаторската партија во Македонија. Вториот претседател ја направи партија со киднапирана идеологија. Денес многу граѓани самостојна Македонија ја доживуваат како нешто од секогаш дадено.
Од основачкото собрание барем уште три години сам зборував за самостојна Македонија. А по искрeните ми признаваа “Ти кога зборуваше за самостојна Македонија ние се тресевме”
Самостојноста тешко ја добивме и затоа треба да се грижиме секој ден да како да ја зацврстиме одвнатре и силно да ја интегрираме во меѓународниот свет.
ВЕЧНА ДА Е МАКЕДОНИЈА!!!!!
Среќен роденден!Пред 30 години на денешен ден заедно со Борис Змејковски и сите оние кои беа во салата ја формирав…
Gepostet von Ljubco Georgievski am Mittwoch, 17. Juni 2020