Астролозите пресметаа – јули е месецот кој ќе ви ги наполни џебовите

ИЗВОРНов лист
|

Астролозите пресметаа дека во месец јули 2020 година ќе имаме 5 среди, 5 четвртоци и 5 петоци, а според кинескиот фенг шуи, ваквиот период ретко се случува и донесува енергија на изобилство.

Многумина на интернет шпекулираат дека овој феномен се случува еднаш во 823 години, но тоа не е точно, зошто ваков број на денови се случува еднаш или двапати секоја година.

Според кинеската фенг-шуи традиција овој феномен се нарекува „џеб полн пари“ или „сребрени џебови“. Се верува дека името го добил според легендата за По Таи, познат како Насмеаниот Буда. Фигурата на насмеаниот Буда може да ја видите во многу азиски ресторани.

Насмеаниот Буда е симбол на будистичкиот монах кој според верувањето имал само платнена торба која секаде ја носел со себе. Иако бил материјално сиромашен, околу себе делел голема мудрост и добро расположение. Денеска фигурата на насмеаниот Буда се користи по фенг шиу за привлекување на изобилство.

Според фенг шуи верувањето, во месеците во кои има три пати по 5 исти денови, шансата за привлекување е значително поголема.

Затоа овој јули следете ги овие фенг шуи инструкции и привлечете енергија на изобилство во својот дом:

1. Исчистете го домот и исфрлете ги непотребните работи, посебно под креветот. Нередот го попречува протокот на позитивна енергија низ вашиот дом.

2. Често отварајте прозорци и врати во просториите за да може енергијата слободно да тече.

3. Поправете ги расипаните работи или исфрлете ги од дома. Ова посебно се однесува на расипана чешма од која тече вода. Се верува дека носи лоша фенг шуи енергија и дека неконтролираното истекување на вода симболизира недостаток на пари.

4. Закачете огледало во трпезаријата, за да се множи енергијата на изобилство.