Имаат лош и неквалитетен сон – пушачите страдаат и од несоница

ИЗВОРНов лист
|

Пушачите помалку спијат и помалку се одмараат за време на спиењето за разлика од непушачите, открила една студија направена од медицинско училиште во Берлин.

Тимот предводен од Стефан Корс, утврдил дека 17% од 1100 анализирани пушачи, навечер спијат помалку од шест часа, а 28% од нив имаат лош и неквалитетен сон.

Меѓу непушачите помалку од шест часа спијат само 1% од нив. Овие резултати не докажуваат во целост дека пушењето директно негативно влијае врз сонот. Многумина од пушачите имаат и други лоши навики, како што е седењето пред телевизор и помала физичка активност.

Сепак германските експерти ги предупредуваат оние кои пушат да ги остават цигарите и да почнат активно да вежбаат за да се добие квалитетен сон и одмор.