Годинава за сместување во ученичките домови нема да се аплицира електронски

ИЗВОРНов лист
|

Министерството за образование и наука информира дека нема да има можност за прифаќање на електронските пријави за сместување во јавните ученички домови во учебната 2020/2021 кои, согласно Конкурсот, беше утврдено дека треба да се поднесуваат од учениците преку интернет-порталот www.konkursi.mon.gov.mk.

– Известуваме дека за оние јавни ученички домови за кои со Конкурсот е предвидено пријавување со електронска пријава, потребно е документите да се достават до јавниот ученички дом каде ученикот бара да биде примен, од 4 јули до 15 јули 2020, односно од 10 јули до 20 јули 2020 во домовите „Искра” во Штип и во скопските „Партенија Зографски”, „Димитар Влахов“ и „Св. Наум Охридски” во кои се сместуваат ученици со посебни образовни потреби. Сите други услови од Конкурсот остануваат исти, објави МОН на својата веб-страница.

Останатите услови од Конкурсот остануваат непроменети, стои на веб-страницата на МОН.