Долго се мислеше дека ова животно постои само во приказните на морнарите, а една од причините за ова е што ретко излегува на површината.
Адел Грос и нејзиниот сопруг при прошетка покрај брегот во Јужна Африка биле сведоци на незаборавна глетка, наишле на џиновска лигња од 4 метри и 330 килограми.
Ова несекојдневно доживување го сопружниците го снимиле.
– Првата помисла ми беше дека мора да ја вратиме во океанот, но кога погледнавме подобро видовме дека е мртва, раскажа таа за Live Science.
Интересно е што станува збор за помал примерок на овој вид чии женки достигнуваат дури до 18 метри.