Од петок без тест на границите, се отвораат двата аеродроми во државава

ИЗВОРНов лист
|

Од 26 јуни се укинуваат задолжението за приложување на негативен ПЦР тест и самоизолација од 14 дена при влез во Македонија, одлучи попладнево Владата.

Владата на синоќешната седница веќе олабави и други мерки. Дозволи организиран превоз во Полошкиот регион.Се врати редовната состојба на организиран превоз на патници од и во подрачјето на општина Тетово и од општините Теарце, Боговиње, Желино, Врапчиште, Гостивар, Јегуновце, Брвеница, Маврово-Ростуше и град Скопје, соопшти техничкиот премиер Оливер Спасовски на социјалните мрежи.

– Врз основа на препораките на Комисијата за заразни болести, Владата денеска донесе одлука од петок, 26 јуни, целосно да бидат отворани сите гранични премини за непречено движење на патници и возила без приложување на PCR тестови, и без упатување до домашна изолација или спроведување во задолжителен државен карантин.

Владата денеска донесе oдлука од петок, 26 јуни, да бидат отворени за сообраќај и Меѓународниот аеродром Скопје и на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.

Согласно овие одлуки Владата денеска донесе одлука да биде укината забраната за организиран превоз, која исто така стартува од 26 јуни.