Домашен лек за болката во вашите заби

ИЗВОРНов лист
|

Непожелната болка во устата иритира и создава неподнослива нервоза. Забоболка со сигурност ќе ви го уништи денот или ќе ви го украде мирниот сон.

Во случај да не можете да посетите стоматолог, ви нудиме еден рецепт за домашен лек кој што сигурно ќе ви помогне.

Состојки:

– 1/2 прав од каранфилче и
– 1/2 лажица кокосово масло.

Правот од каранфилче содржи еугенол – хемиско соединение кое што ја ублажува болката. Кокосовото масло има антимикробни својства.

Подготовка и употреба:

Во стаклен сад помешајте ги овие две состојки и направете паста.

Користете четка за заби, па ставете ја пастата на забот кој што ве боли.

Повторете ја оваа процедура 3 пати дневно и болката ќе исчезне.