Можеби ви е малку чудно, но плодот авокадо се смета за овошје. Карактеристично за ова овошје е тоа што неговиот состав е различен од другите овошја.
Овошјата воглавно се составени од голем процент на вода, а потоа следуваат јаглехидратите, додека авокадото е овошје кое има значителна количина на масти. Но, токму овие здрави масти се значајни и може да го подобрат нашето здравје.
Сите ја јадеме внатрешноста на авокадото, а ова е одговорот на прашањето што има семката.
Во неа има 70 посто аминокиселини, со нив се намалува холестерол, се спречуваат срцеви болести.
Помага и за проблеми со штитна жлезда.
Може да ја одвоите кафеавата кора и да ја јадете, но знајте дека вкусот не е пријатен, иако е здрава.