Лековитите својства на чајот се познати за сите нас, но многумина не знаат дека веќе искористените ќесички чај можат да се користат на многу различни начини.
Повторно користење на сварените и употребени ќесички чај не е никаква новост. Во древна Кина, чајот се палел во предвечеријата за да штити од непосакувани инсекти.
1. Нахранете ги цвеќињата – Искористените вреќички чај можат да бидат одлично органско ѓубриво за домашните билк, бидејќи чајот содржи многу хранливи состојки.
2. Исчистете ја куќата – Чајот може да отстрани маснотија и валканост по огледалата, подовите, дури и линолеумот. Откако сте си припремиле напиток, вреќичката повторно ставете ја во вода и направете си средство за чистење.
3. Освежете ја гардеробата и чевлите – Исушените вреќички чај ставете ги на тањир во ормарот, а тоа ќе придонесе вашата гардероба убаво да мириса. Ставете по една вреќичка во чевлите, бидејќи со тоа ќе ги отстраните непријатните миризби.
4. Отстранете го црвенилото во очите – Натопете вреќичка чај во ладна вода и ставете ја на капаците. По неколку минути чајот ќе го отстрани црвенилото.