Српската пејачка Романа ќе оди во затвор – ограбувала банкомати

ИЗВОРНов лист
|

Српската пејачка Романа Паниќ (45) е уапсена во Австралија поради ограбување на банкомати и е осудена на 12 месеци затвор. Нејзин партнер бил агентот за продажба на недвижности Филип Мркајиќ (40), кој е осуден на 14 месеци затвор. Двајцата се осомничени дека во периодот од март до април поставиле уреди за снимање на три банкомати во Бризбејн.

„Тие беа во Австралија како туристи кога наидоа на проблеми со парите и потоа излегоа со план како да ги „наполнат своите паричници“ и собраа банкарски податоци на 35 лица“, изјавил судијата Пол Смит од Бризбејн.

Филип М. ја признал вината за 18 точки, Романа П. за 16, но и покрај тоа тие ќе мораат да ги вратат парите и да лежат во затвор. Филип 14 месеци, со право на условна казна после три месеци, а Романа на 12 месеци со право на пуштање на условна казна после два месеци служење затвор.

Полицијата, откако техничарот пронашол нелегални уреди на банкоматите, во претрес во стан во Спринг Хил каде двајцата биле сместени, пронашла обележани парични средства во вредност од 23.500 австралиски долари, уреди за снимање картици, картици за складирање податоци, лични банкарски податоци на клиентите во банките и алатки за инсталирање додатни уреди.