Танзаниецот Саниниу, по професија рудар, стана преку ноќ милионер – ископа две големи парчиња танзанит, еден од најретките минерали на светот!
Така, со ископувањето и продажбата на овој минерал, 52-годишниот Саниниу Лаизер заработи 7,7 милијарди танзаниски шилинзи, односно 3,4 милиони долари, продавајќи ги двете парчиња танзанит, тешки 9,2 и 5.9 килограми, пренесува Алџезира.
До ова ископување, најголемиот ископан танзанит беше со тежина од 3,3 килограми.
„Фокусираноста, одлучноста, многу труд и упорноста се мојата тајна. Сакам да им се заблагодарам на сите, изјави Лаизер.
Педесет и двегодишниот рудар, кој има четири жени со кои има повеќе од 30 деца, вети дека ќе заколе една од своите крави за да прослави.
Своето ново богатство ќе го искористи за да заработи за образование на децата и трговски центар.
Инаку, танзанитот, е еден од најретките минерални на светот и може да се ископа само во мало подрачје во Танзанија на површина од 14 квадратни километри.