Дали би пробале? – Измислен сладолед од инсекти

ИЗВОРНов лист
|

Тим од неколку ентузијасти од Јужна Африка, порочно од Кејп Таун, креираа сладолед врз база на инсекти.

Предводени од Лиа Беса, научник за храна, тимот не само што создаде слатко, ледено задоволство од ларви, туку продолжи да креира и друг вид на храна збогатена со инсекти.

На менито на ресторанот „Gourmet Grubb“ има вафли, бомбици со урми и чоколадо коишто се служат заедно специјален вид на црви. Исто така, ресторанот нуди и пуканки со инсекти.

Марио Бернард е професионален готвач кој е одговорен за специјалитетите, тој својот интерес за готвење храна со инсекти го добил при посета на Тајланд во 2015 година.

Според тимот на Gourmet Grubb, инсектите се нутритивни и вкусни, пишува „News24“.

– Се решивме на мени со инсекти затоа што тие се полни со протеини, нешто што малку луѓе го знаат, вели Беса.

Ресторанот е нивна замисла да понудат нешто иновативно, креативно, а истовремено хранливо и вкусно. Досега, како што велат од „Gourmet Grubb“, посетителите се навистина заинтересирани да пробаат од храната, особено од сладоледот којшто е направен од „Entomilk“, млечна алтернатива од добиена од инсекти.