Рака на срце, ретко некој од нас може да издржи без Фејсбук. Има луѓе кои поминуваат и по повеќе саати во денот на оваа друштвена мрежа, а постојат и луѓе кои помалку го користат, но барем еднаш во денот мора да проверат што е ново.
Пред 16 години, на 4 Февруари 2004, тогаш непознат студент Марк Цукерберг во својата соба го основа Фејсбук.
Марк сакал да овозможи платформа за полесна комуникација со своите пријатели, а не можел ниту да претпостави дека после само неколку дена ќе има повеќе од 50.000 луѓе регистрирани на Фејсбук.
Останатото е историја која и е позната на милиони луѓе ширум светот – Фејсбук се прокламираше во најголемата социјална мрежа и еден од најголемите изуми на 21 век.
Во 2007 година Фејсбук стана популарна мрежа и на балканот, а во август 2008 година бројката на корисници на оваа социјална мрежа се искачи на 100 милиони.