Најчестите грешки кои девојките ги прават за време на менструалниот циклус

ИЗВОРНов лист
|

Кај секоја жена менструалниот циклус е различен и зависи од многу фактори како стрес, физичка активност, нивото на хормони. Тој се мери од првиот ден на последната менструација до првиот ден на наредната менструација.

Голем дел од навиките што сите сме ги прифатиле во овој период од месецот всушност воопшто не се здрави. Поради тоа, многу често тешко е да се следи и да се предвиди.

Проверете случајно да не ги повторувате истите грешки секој месец.

Не внесувате доволно магнезиум

Една од главните причини за зголемено крварење и силни грчеви е поради недостатокот на мегнезиум. Магнезиумот позитивно делува на мускулите, а неговата маана е тоа што може да ги зголеми грчевите.

Пред почетокот на менструалниот циклус, започнете со пиење магнезиум, а може да продолжите да го пиете и за време на циклусот.

Нередовно менување на влошките и тампоните

Колку подолго ја носите влошката или тампонот, толку повеќе се зголемува бројот на бактерии на нив. На овој начин создавате средина погодна за бактериите како стафилококи, кои можат да предизвикаат синдром на токсичен шок. Се препорачува влошката или тампонот да ги менувате на секои 4 до 8 часа.

Недоволно спиење

Може да биде навистина тешко да заспиете со грчевите, немирот и несоницата кои доаѓаат со менструацијата. Но, квалитетниот сон е навистина потребен во овој период. Недостатокот од сон е вистински стрес за вашето тело и може да ја наруши рамнотежата на хормоните, а со тоа и да ви го влоши расположението. Додека спиете, телото има време да го зајакне имунитетот и да закрепне, па обидете се да спиете барем 7 часа секоја вечер.

Користете аспирин за менструалните болки

Многу често менструалните денови не се подносливи поради тешките болки, поради оваа причина е јасно зошто користиме апчиња против болки. Но, аспиринот треба да го избегнувате бидејќи тој ја разредува крвта и со тоа може да го зголеми менструалното крварење.

Избегнување физичка активност

Покрај тоа што е одличен начин да се справите со стресот и да се ослободите од токсините, вежбањето може да ги намали менструалните грчеви и да го подобри квалитетот на сонот. Се препорачува да вежбате секој ден по 30 минути, дури и кога имате менструација. Едноставните активности како пешачењето, возењето велосипед или пливањето можат значително да ги намалат менструалните болки.