Шкотскиот актер e прв на анкетите – да биде следниот Џејмс Бонд

|

Шкотскиот актер Сем Хјуан е прогласен за фаворит за преземање на улогата на агентот Џејмс Бонд 007.

Актерот од „ The Outlander “ (40год.) ги победи поголемите sвезди како Том Харди (42) и Идрис Елба (47) во анкетата за RadioTimes.com.

Даниел Крег (52) го сними својот последен филм како 007 во „No Time To Die“ (2020год.). Во првите пет на анкетата се најдоа и Харди на второто место, а по нив следат Хенри Кевил, Елба и Том Хидлстон.
Актерот Хјуан откри дека учествувал на аудиција за улогата на Бонд пред 15 години.

„Мислам дека многу актери беа видени како нов Џемс Бонд во Велика Британија“, изјави тој. „Секако дека тоа би било улога од соништата“.

Уредникот на RadioTimes.com, Тим Гленфилд рече: „Сем е јасно многу популарен кај фановите и оваа победа ја зацврстува неговата позиција како еден од јавните фаворити за една од најпосакуваните филмски улоги.
“И покрај неверојатниот талент, Сем сигурно ќе има силна конкуренција – но ова големо гласање влева дополнителна доверба и сигурно ќе биде земено во предвид од креаторите на следниот Бонд”.

Даниел Крег неодамна инсистираше на тоа дека „Нема време за умирање“ ќе биде неговиот последен филм за Бонд, иако постојат информации дека ѕвездата размислува за уште едно учество како 007 агент.