Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Немања Матиќ го продолжи договорот на „Олд Трафорд“ до јуни 2023 година, се вели во изјава од клубот.
31-годишниот, кој му се придружи на Јунајтед во 2017 година, ужива драматично подобрување на формата од јануарското пристигнување на португалскиот плејмејкер Бруно Фернандес.
„Јас сум задоволен што Немања потпиша нов договор, знам дека неговото искуство, професионализам и лидерство ќе бидат од непроценливо значење за оваа млада талентирана група“, рече менаџерот на Јунајтед, Оле Гунар Солскјаер.
„Тој останува многу амбициозен и посветен, што е од суштинско значење додека се обидуваме да ги постигнеме нашите цели во текот на следните години“.
Јунајтед е без пораз на последните 16 натпревари во сите натпреварувања и освен што брка пласман во топ-четири во Премиер лигата, исто така се уште се во борба за освојување на ФА Купот и Лигата на Европа.
„Среќен сум што ќе продолжам да бидам дел од овој одличен клуб. Како играч, имам уште многу да дадам и да постигнам во мојата кариера и тоа да го направам со Манчестер Јунајтед ќе биде огромна чест “.
Јунајтед е на петтото место во Премиерлигата со 55 бода од 33 одиграни натпревари, два зад четвртопласираниот Челси со кого се среќаваат во полуфиналето на ФА Купот на Вембли на 19 јули.