Користејќи го Вселенскиот телескоп Хабл, НАСА објави дека е забележана далечна галаксија, која е оддалечена од Земјата 60 милиони свеетлосни години. Оваа галаксија се наоѓа во совездијата Скулптор веднаш над Јужната хемисфера. Галаксијата го доби името NGC 7513.
Нешто слично на нашата сопствена галаксија, Млечниот пат, галаксијата поседува сличен облик и структура со централно поставено сонце.
Според страницата Хабл, галаксијата како да бега од Млечниот пат со скоро 3,5 милиони милји на час. Во меѓувреме, Земјата орбитира околу сонцето со 67.108 км / ч.
Експертите велат дека ваквото однесување, како што е галаксија што се оддалечува од нашата галаксија, воопшто не е изненадувачко. Ваквиот феномен е забележан и со други галаксии во минатото и тврдат дека тоа се должи на тоа што нашиот универзум постојано се шири. Како што се шири нашиот космос, така се зголемува и просторот помеѓу галаксиите.