20 илјади Македонци погодени од строгите мерки во Австралија

|

Во Мелбурн од денеска на сила се воведува пакет мерки кои ќе траат шест недели.

Оваа одлука властите ја донеле поради новиот пик на инфекции. Австралија ги заостри мерките и контролите на нивните внатрешни граници за да се избегне втор бран.

Мерките погодуваат околу пет милиони жители. Според проценките во Мелбурн живеат преку 20 илјади Македонци или луѓе со македонско потекло.

Жителите на Мелбурн ќе можат да ги напуштат своите домови само од итни причини. Дома нема да смее да се примаат гости, а во училиштата нема да се оди и во наредните недели, според ново изготвениот училишен календар.

Жителите на Мелбурн нема да смеат ниту да го напуштат градот.