На работа во Германија без проблем до 2022 година

|

Најсилната европска држава, Германија ја продолжува вонредната дозвола за примање на работници од Балканските држави Албанија, Босна и Херцеговина, С.Македонија, Црна Гора, Србија и Косово.

Независно од квалификациите на работниците од овие држави и натаму ќе им биде овозможено да дојдат на работа во Германија поради тоа што е усвоено продолжувањето на важењето на вонредната дозвола која овозможува доаѓање на економските мигранти од државите од Западен Балкан во Германија.


Според, германската новинска агенција ДПА, германското Министерство за труд би требало да ја продолжи таканаречената Регулатива за Западен Балкан, и истата би важела до 2023 година.

Се предвидува вкупно 25 илјади луѓе од Балканот годишно да заминат на работа во Германија.

Во моментов германското Министерството за труд соодветниот нацрт го проследи до германската влада на усвојување.