Дали Фатмир Битиќи од СДСМ е во игра за нов Премиер ?

|

На новинарско прашање дали се гледа себе си како иден премиер со оглед на тоа дека неговото име во јавноста се споменува за таа позиција, Битиќи на денешната прес конференција одговорил – „Во политиката се е можно, но ќе оставам на мандатарот, а тоа е господинот Зоран Заев да одлучи дали јас сум најдобриот кандидат“.


Битиќи е претседател на комисијата за финансии во СДСМ и советник на премиерот за економски прашања.

Покрај другото, Фатмир Битиќи вели дека се надева дека новата Влада ќе биде формирана уште во Август, и дека ќе има и четврт пакет мерки за поддршка на економијата веќе од септември. Мерките ќе се носат по извршена анализа на тоа какви резултати донеле претходо донесените мерки.

„Мерката од 14.500ден плата за погодените од кризата и мерката со платежните картички даваат одлични резултати затоа што имаат двоен позитивен ефект, и кај стопанството и кај граѓаните“, вели Фатмир Битиќи.