ДИК ги соопшти конечните резултати

|

Оливер Дерковски Претседателот на ДИК на денешната седница ги соопшти конечните резултати од предвремените парламентарни избори 2020 година.

„Можеме “ коалицијата освои 46 мандати, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за обнова на Македонија има 44 мандати,ДУИ освои 15 мандати, АА и алтернатива ќе имаат 12 пратеници, Левица е со 2 пратенички мандати и ДПА на Тачи има 1 парламентарец во идниот парламентарен состав. Дел од партиите и коалициите кои учествуваа на овие избори не успеаа да освојат ниту еден пратенички мандат.

Покрај другото, Оливер Дерковски изјави дека и покрај кризата, ДИК интензивно работел 5 месеци за изборите да поминат во фер и демократска атмосфера. Сите три дена гласањето се одвивало според правилата и протоколите кои биле предвидени.
За упадот на веб страната на ДИК на денот на изборите, повтори дека се работи за хакерски напад, но дека тој напад на никаков начин не влијае на исходот од изборите. Јавното обвинителство има отворено случај за овој напад и постапува согласно своите надлежности за да се расчисти овој случај.

Со ова, завршен е изборниот процес, а новите пратеници на свечена седница во Собранието на Р.С.Македонија ќе ги добијат своите уверенија.
Конститутивната седница на Собранието треба да се одржи не подоцна од 4 Август.