Цената на златото почна да руши рекорди, до каде ли ќе оди ?

|

Денеска цената на златото се искачи на историски највисоко ниво. Цената на златото има рекордна вредност поради зголемената побарувачка на инвеститорите за скапоцени метали,поради влошените дипломатски односи меѓу Кина и САД, како и поради сеуште не големата сигурност во берзите пред да бидат објавени извештаите за работење на компаниите.

Цената на златото скокна за 1,6 проценти на рекордни 1943 американски долари за унца злато, надминувајќи го претходното највисоко ниво од септември 2011 година.

Вредноста на акциите на глобалните пазари почнаа да поаѓаат минатата недела, откако Вашингтон нареди затворање на кинескиот конзулат во Хјустон, по што Кина врати со затворање на американскиот конзулат во Ченгду.

Европските акции денеска се стабилизираа по силниот пад што беше регистриран во петокот, а на тоа укажува индексот „EuroStox 50“, кој утрово зајакна за 0,2 проценти. Азиските берзи засега имаат мешано движење.
Кинеските берзи се стабилизраат по големата загуба во вредност што беше регистрирана во петокот. Најликвидните акции CSI300 забележа мало закрепнување од 0,1 проценти.
На Вол Стрит забележан е мал раст на индексот на фјучерсите S&P500 од 0,4 проценти, додека пак јапонската берза Никеи е во пад од 0,5 проценти.