Летните одмори привршуваат, отворањето на градинките и натаму останува неизвесно.. Канал 5 дознава дека се прават се прават сериозни напори и градинките да се отворат на први октомври..
Први октомври ќе биде можен датум за отворање на градинките, дознава Канал 5. Од комисијата за заразни болести објаснуваат според протоколите, во групите нема не смее да има над 15 деца. Преку едукации и раскажувања ќе се подготвуваат децата да научат да носат маски, да одржуваат хигиена. До отворање на градинките родителите со стратегии, а прва станица за помош очекувано се бабите и дедовците. Дел од нив велат дека децата ургентно треба да тргнат одат, дел од нив, резервирани.
Директорите на градинките подготвиле протокол за работа на градинките во време на криза. Во делот на потпишување на изјава од страна на родителите стои дека родителите треба да ја следат температурата на детето во случај да е зголемена да се извести матичен лекар.
Доколку во една група бројот на деца надминува над 15 детето да биде преместено во друга група со помалку деца. Родителите да потпишат изјава и потврда дека мора да одат на работа и не можат да работат од дома.
Протоколите во делот за вработените се: задолжително мерење температура при влез и излез од градинката и резулатите од секој вработен да се запишуваат на табла, забрането користење на мобилен телефон за време на работа освен на пауза, да се одржува физичка дистанца на работното место и вон него, забрането е собирање и меѓусебни контакти на вработените во заеднички простории, а завреме на пауза да се почитува пропишаната физичка дистанца и да се избегнува контакт со лица од други воспитни групи.
При прием на децата задолжително мерење на температура, доколку при прием детето има зголемена температура да се не се прима, во случај на промена во здравствената состојба (зголемена температура) детето да се изолира во просторијата за изолација и веднаш да се извести родителот/старателот, медицинската сестра, одговорниот воспитувач и директорот, се препорачува мерењето на температурата да биде со безконтактен термометар, да се обезбеди растојание од 1,5 – 2м помеѓу масите за седење на децата, храната до занимална ќе биде доставена од страна на вработените во кујната, спиењето да се организира така што децата да бидат поставени на креветите според принципот „нозе – глава“ со препорачано растојание од 1,5 – 2м, да се обезбедат единечни кревети и по 2 постелнини за секое дете, и истите да бидат обележени со име на детето, пижамите на децата да не се чуваат заедно на едно место, да бидат ставени посебно за секое дете.