Германија ја продолжи уредбата за работниците од Западен Балкан

ИЗВОРНов лист
|

Германската влада одлучи да ја продолжи важноста на уредбата за работниците од Западен Балкан, е објавено на веб-страницата на германското Министерство за труд.

Оваа уредба ќе им овозможи на граѓаните на Албанија, БиХ, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија да влезат и работат во Германија, без оглед на формалните квалификации – потенцираат тие, истакнувајќи дека решението ќе се применува до крајот на 2023 година.

Со ова Германија ја отвори вратата за нашите работници, а работодавачите од овие простори ги чека сериозен проблем, бидејќи интересот за работа во Германија станува се поголем и поголем, затоа ќе треба да создадат подобри услови и понуди како би ги задржале своите работници дома.