Сите знаеме дека колку и да чистиме дома, по краевите и ќошевите се собира пајажина. Причина е прашината која паѓа, влакната, домашните миленичиња на кои им паѓаат влакна.
Единствен начин да се решите од ова во домот и да заштедите време, да го искористите на друго наместо на чистење, е да користите етерични масла. Со нив прскајте ги местата каде се собираат пајажините, како и навлаките дома.
Ставете 700 мл. вода па додајте до 40 капки етерично масло. Проблемот ќе биде решен.
ТРИК КОЈ ЧИНИ 10 ДЕНАРИ: И никогаш повеќе нема да имате мравки дома
ЦИМЕТ
Мравките не сакаат цимет, па веднаш ќе избегаат од него. Лоцирајте го местото од каде ви доаѓаат мравките, и проблемот ќе го снема, кога ќе ставите малку цимет на местото.
КРАСТАВИЦА
Кората на краставицата е природен отров за мравките. Оставете ја таму од каде гледате дека излегуваат или каде што се собираат и нема да имате веќе мака.
СОДА И ШЕЌЕР
Последната опција да кажете збогум на проблемот со мравките, особено во периодот на горештини кој ни претстои е сода со шеќер. Помешајте ги во ист сооднос и ставете ја смесата на местото од каде излегуваат мравките во домот.
Ова се три генијални, лесни, брзи и пред се евтини начини а немате мравки во домот, достапни за сечијџеб.