Попладне дожд во северните делови од земјата – Временска прогноза за 01 Септември 2020

|

Според УХМР, денес попладне претежно во северните делови ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер, во западните делови од западен, а вдолж Повардарието најпрво од јужен, а попладне од северен правец. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 36 степени.

Од утре ќе има повремено зголемување на облачноста и позначително намалување на температурата проследено со северен ветер. Локален краткотраен дожд и грмежи се можни во четврток и петок.