„Чаирската романтика“ за дивоградбата кај Мавровка по се изгледа ќе заврши – Премиерот најави кој и како ќе ја сруши

|

„Владата им препорачува на Општина Чаир и Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта да ги регулираат меѓусебните права и обврски и да склучат Договор за отстранување на бесправно изграден градежен објект, делови од објекти и бесправно поставени објекти“, напиша Премиерот на Фејсбук.

На својата прва седница одржана денеска Владата донесе заклучок со кој му препорачува на Управниот одбор на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта да донесе одлука за ангажирање на потребна механизација, средства за работа и вработени, за уривање и демонтирање на бесправно изградениот градежен објект што се наоѓа пред ТЦ Мавровка, без надоместок кон Општина Чаир, односно од сопствени средства.

Владата на Република Северна Македонија на својата прва седница одржана денеска донесе одлука да му препорача на…

Gepostet von Zoran Zaev am Dienstag, 1. September 2020

Премиерот објасни дека по склучување на договорот, меѓу Општина Чаир и Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патиша, и рушење на дивоградбата, истите се задолжени да ја информираат Владата на Република Македонија, во рок од седум дена за извршувањето на оваа активност.