НБРМ им овозможи на Банките да дозволат – Повторно одложување на отплатата на кредитите

|

Советот на Народната банка направи регулаторни измени, со кои им овозможи на банките да можат на своите клиенти да им понудат и втора поволна промена на договорните услови за кредитните производи. Овие измени доааѓаат по извршените анализи и одржани состаноци помеѓу Народната банка и претставници на Македонската банкарска асоцијација (МБА) во врска со второ одложување на отплата на кредитите за клиентите на банките.

Се со цел да им се излезе во пресрет на сите клиенти кои се погодени со кризата, превземени се овие чекори за овозможување на повторно одложување на отплатата на кредитите. Начинот на промена на договорните услови за втор период на одложување на отплатата на обврските по основ на кредит треба да го дефинираат самите банки. Банките ќе изготват јасно дефинирани критериуми за одобрување на втор период на одложена отплата, со цел да се помогне на клиентите кои се погодени од кризата.

Предвидено е повторната одложена отплата на кредитите на граѓаните погодени од кризата да трае до 6 месеци, односно до крајот на март 2021 година.

Од Народната банка информираат дека постојано се следи развојот на настаните и потенцијалните ризици од окружувањето, како и нивните ефекти врз домашната економија и доколку биде потребно, подготвени се соодветно да ги приспособат политиките и навремено да се реагира со натамошни мерки, во согласност со своите надлежности, за натамошна поддршка на економијата во целина.