Како да се извиниш на партнерот за изневерената доверба – овој човек е хит на социјалните мрежи

|

На социјалната мрежа „Редит“ неодамна се појави фотографија која заинтригира многу корисници. Иако на прв поглед се чинеше дека станува збор за фотографија од исклучително необична тетоважа, се покажа дека зад неа стои многу подлабока приказна.

Имено, еден човек по име Хозе ја изневерил својата сопруга, а со цел да и ја врати довербата во нивната врска, тој се согласил да го истетовира на градите и стомакот следниот текст:
„Јас, Хозе, доброволно се тетовирам на 2 јануари 2019 година, со цел да ја вратам довербата на сопругата поради болката и страдањата што и ги нанесов за време на бракот. Јас сум лажго, измамник, манипулатор, нечесен и нелојален“.
Иако тетоважата била направена во јануари минатата година, нејзините слики започнале да кружат на „Редит“ овој месец.

Многумина изјавија дека никогаш не би направиле слични тетоважи по никоја цена, а некои се сомневаат и во автентичноста на фотографијата.
Ова се дел од коментарите:
– Ова мора да е Фотошоп.
– Веднаш би рекол „Нема шанси Хозе“ – на шега напиша еден корисник. (популарна англиска реплика)
– Хозе нема почит кон неа … И сега кон себе.Проклетник.- е еден од грубите коментари.

Дали би го „казниле“ вашиот партнер на овој начин доколку се најдете во слична ситуација?