Од денес посвежо време – Временска прогноза 02 Септември 2020

|

Според УХМР, денес уште од изутрина долж Повардарието ќе дува умерен до засилен северен ветер и ќе биде значително посвежо. Во крајните источни делови ќе има услови за краткотраен пороен дожд. Во петок ќе има услови за појава на изолирана нестабилност проследена со умерен до засилен северен ветер.

Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33 степени во најтоплите предели од државава.

Во Скопје времето ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер,максималната дневна температура ќе се искачи до околу 35степени.