Не ви треба брашно ниту шеќер, за вкусни и нутритивно богати, колачиња од банана и кокос

|

Оние што внимаваат на храната и нејзините нутритивни вредности, би можеле да го сакаат овој рецепт за исклучително едноставни вегански бисквити. За да ги подготвите, потребни ви се само две зрели банани и чаша незасладен рендан кокос.

Во сад изгмечете ги бананите со вилушка, а потоа додадете го кокосот и добро измешајте ги состојките. Бисквитите обликувајте ги на хартија за печење и печете ги во рерна загреана на 150 степени Целзиусови степени од 15 до 20 минути. Кога ќе се испечат, можете да ги прелиете со стопено чоколадо.

Покрај тоа што се само од растителни состојки, овие колачиња не содржат ниту глутен ниту масло.