|
Лидија Џукановиќ, првата дама на Црна Гора е вистински хит на фотографиите од Изборите во Црна Гора кои се топ тема веќе неколку дена.
Таа многу ретко се појавува во јавност, па кога овојпат излезе да гласа, беше вистински хит. Таа на гласачкото место се појави заедно со сопругот и синот и го украде целото внимание на медиумите, па со денови се зборува за неа.
Овој пат таа се појави во едноставен бел фустан со кој ја истакна својата убава линија, а целосниот излед го заокружи со прекрасна огрлица и заштитна маска.
Мило Џукановиќ и Лидија се во брак од 1988 година. Тие се запознале преку спортот. И двајцата се занимавале со кошарка во младоста. По осум години врска, тие стапија во брак, а имаат и син – Блажо.