Метеорологот Славчо Попоски со добри вести за следните денови – ова се деталите

|

Во текот на следните денови, нашата територија ќе се наоѓа под влијание на стабилна и сува воздушна маса која ќе условува стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност.

Утре и во петок ќе дува умерен, повремено и тоа особено Долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 31 степен, пораст на истите и тоа под влијание на потопла воздушна маса од југ ќе има во текот на следната недела кога ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 35 степени.

Уживајте во убавите денови кои се пред нас и искористете ги максимално за прошетки, како и за одење на плажа или планина.

За нови, подетални, и по потреба обновени информации следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука