Вардар покажа зошто е актуелен СЕХА шампион, откако во драматичен меч го победи Загреб и тоа дури по изведување на пенали. Натпреварот заврши нерешено 26:26, а во изведувањето пенали, подабар беше македонскиот првак кој победи со 4:3 и се избори за место во финалето.
Последните десет минути беа вистинска драма. Загреб имаше предност од 24:18, но Вардар не се предаде. Црвено-црните стигнаа до 24:23 на пет минути до крајот. Во овој период Борко Ристовски кој имаше пет одбрани и беше најзаслужен што Вардар успеа да направи резултатски приклучок.
Во последната минута Загреб влезе со предност од 26:25 и напад, но Ристовски уште еднаш одбрани и даде шанса за Вардар во последните 10 секудни да стигне до реми. Јотиќ погоди на три секунди до крајот и се избори за пеналите.
Голманот Ристовски беше херојот на Вардар, успевајќи да фати два пенали на ракометарите на Загреб.
Веспрем со 28:24 го победи Мешков Брест. Унгарскиот тим ќе биде противникот на Вардар во финалето.