Сончев и топол почеток на Септември – Временска прогноза 07 Септември 2020

|

Времето денес, според УХМР, е биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Во следните денови ќе се задржи стабилно и сончево време со мала до умерена локална облачност. Во вторник ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Максималните дневни температури, поради продор на потопла воздушна маса од југ ќе бидат во пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 34 степени.

Во Скопје и околината, и понатаму ќе продолжи стабилното, суво и сончево време а максималната дневна температура овие денови се очекува да се искачи до околу 32 степени.